ЗА НАС

Е-пошта Печати PDF

 

ГАЛЕРИЈА МАРКОВСKИ Е УНИКАТНА ПРОДАВНИЦА во која може да најдете голема лепеза на сувенири, предмети и елементи од македонската народна уметност.

Сувенирите кои се изработени на оригинален начин се базирани на многу историско традиционални вредности. Во нив, токму поради автентичноста и традиционалниот начин на изработка ќе можете да го забележитекреативниот дух на Македонецот, со сите негови емотивни и уметнички вредности, умешности и вештини, создавајќи богатство на форми низ различните културни и историски етапи

Галерија Марковски низ својот богат уникатен асортиман на производи ја потврдува најзначајната нишка на културниот идентитет дека - Низ својата љубов, поврзаност и лојалност кон традицијата ќе ги пренесува трајните вредности на нашето културно минато.  

Во Галерија Марковски можете да видите повеќе различни техники на традиционалните занаетчиски и уметнички изработени сувенири, оригинални везови на предмети од народната култура сликани или везени на завеси, перничиња, прекривки, чаршави, уникатни фолклорни симболи со рачно сликани апликации на керамика, стаклостолни ламби, абажури,чинии, чаши,

Во името на традицијата и нашата духовна потреба да ја зачуваме Ве покануваме да не посетите за да ја пренесееме на своевиден начин нашата култура со севкупниот спој на културолошки особености, индивидуални вештини на уметнички изрази и да ги зачуваме колективните мемории на различните културни, регионални, локални идентитети.

 

2010 © ГАЛЕРИЈА МАРКОВСКИ. Сите права се заштитени. Развиено од PROCESS IN & INDESIGN. Хостирано од INHOST.

Вие сте тука: ЗА НАС